Политика на приватност

Kvantum Sport како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци.

Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.

Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Kvantum Sport, како контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.

Назив и адреса на контролорот: ДТУ Квантум Спорт УА Скопје (Kvantum Sport), ул. Беласица бр.2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: (+389)75343177
Е-маил адреса: online.mk@kvantumsport.mk

Офицери за заштита на личните податоци: Кристина Тодоровска и Ѓоко Атанасов,
Телефон: (+389),
Е-маил адреса: 

Секој посетител или корисник на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашите офицери за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

Која е правната основа и целта за обработка Вашите лични податоци?

Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци преку нашата веб страница во деловите: „Регистрирајте се“, „Пријавете се“, „Вработување“, „Контакт“, „Newsletter“ и „Соработка со нас“ е Вашата согласност, а правна основа за обработка на Вашите лични податоци во делот „Враќање/замена на производот“ е исполнување на законска обврска.

Цели

Преку формата „Регистрирајте се“ и „Пријавете се“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на онлајн купување, но и за добивање на известувања од нашата понуда на производи доколку претходно се согласите со тоа. Преку формата „Вработување“ ги обработуваме Вашите лични податоци за идни вработувања. Преку формата „Контакт“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите коментари и пораки. Преку формата „Newsletter“ ги обработуваме Вашите лични податоци за редовно да Ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен. Преку формата „Соработка со нас“ ги обработуваме личните податоци на потписникот на нашите потенцијални деловни соработници за склучување на договор за соработка со нив. Преку формата „Замена/Враќање на производ“ ги обработуваме Вашите лични податоци за исполнување на законската обврска за враќање или замена на купен производ.

Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето - единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња на нашата веб страница, Ви нудиме подобри услуги Вам на корисниците. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашата веб страница. Целта на ова е да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница. Повеќе информации се достапни во Политиката за колачиња на Kvantum Sport.

Повеќе информации за политиката на приватност дознајте на линкот.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

array(0) {
}
Memory Consumption is: 20.57 MB