За нас

Компанијата Kvantum Sport ДООЕЛ е млада, спортска компанија која е основана во 2017 година. Се карактеризира со професионализам, спортски дух, упорност, труд и самодоверба.

Основна дејност е продажба на облека, обувки и спортска опрема.

Компанијата Квантум Спорт е генерален дистрибутер на светски познатиот бренд Under Armour за балканскиот регион. Работиме во 10 земји со канцеларии во Белград и Букурешт. Менаџментот на компанијата го сочинуваат тим од врвни експерти кои за краток временски период го доведоа овој бренд до еден вид моден спортски тренд во регионот. Kvantum Sport денес брои повеќе од 160 одлични вработени кои придонесуваат за задоволството на клиентите. Страста за спортот не натера да го достигнеме врвниот квалитет со помош на постојаното барање на иновации.

Under Armour е основана во Америка во 1996 година од Кевин Планк, тогашен американски фудбалер на Универзитетот во Мериленд. Кевин имаше мисија да најде ткаенина за маичка која брзо се суши и ја отстранува потта. Со упорноста и визијата на овој млад човек се роди еден од најпопуларните и најуспешните брендови во светот. Идејата за името беше едноставна - американските фудбалери носат оклоп („Armour“), а овaa маица ќе оди под оклопот („Under Armour“).

Наша намера е да им понудиме врвна опрема на сите љубители на спортот за да го дадат својот максимум и да успеат да ги постигнат посакуваните цели. Во тоа ќе ви помогне Under Armour, кој претставува вистинска револуција во спортската опрема.

array(0) {
}
Memory Consumption is: 25.28 MB