Under Armour е првиот избор на спортистите кои не прават компромис. Секој што се занимава спорт знае дека опрамате е клучна за успехот. Удобноста, квалитетот, приспособливоста и природните материјали се главни карактеристики на новата колекција која пристигна во официјалната Under Armour продавница.
Облеката од новата Under Armour колекција е направена од напредни иновативни ткаенини за да биде полесна и побрзо да се суши. Стратешки поставената мрежа на облеката за вежбање обезбедува проток на воздух, односно прави облеката да „диши“, додека намалениот број на шевови и материјалите што брзо се сушат обезбедуваат оптимална слобода на движење и удобно чувство до крајот на тренингот.
Посебно атрактивен сегмент од новата колекција на Under Armour се обувките, изработени од материјали кои овозможуваат подобра флексибилност и обезбедуваат стабилност дури и при изведување на најтешките вежби со различни реквизити и дополнителни оптоварувања.
Новата колекција на обувки обезбедува дополнителна издржливост, стабилност и враќање на енергијата и овозможува подобра подвижност и дополнителна стабилност.
Under Armour е бренд кој постои речиси три децении и се смета за еден од најпопуларните и најуспешните брендови во светот. Денес, Under Armour е фокусиран на најсовремена продукција и дизајн, со цел да ги зајакне спортистите ширум светот, да им понуди врвна опрема на сите ентузијасти за тренирање и да им помогне да бидат уште подобри и посилни како и да ги постигнат своите цели.
Новата Under Armour колекција можете да ја погледнете во Under Armour продавницата во East Gate на 1 кат.