Секој што се занимава со спорт знае дека опремата е клучна за успехот. Удобноста, квалитетот, приспособливоста и природните материјали се едни од најважните карактеристики што мора да ги има секоја опрема за тренинг.
Сето ова и многу повеќе го нуди брендот Under Armour, на кој му веруваат бројни професионални спортисти, но и успешни рекреативци.
Новата колекција на спортска опрема Under Armour е совршена комбинација на квалитет, но и модерен и автентичен изглед.
![]()
Облеката Under Armour е направена од напредни иновативни ткаенини за да биде полесна и побрзо да се суши. Стратешки поставената мрежа на облеката за тренинг обезбедува полесен проток на воздухот, додека намалениот број на шевови и материјалите што брзо се сушат обезбедуваат удобно чувство за време на тренингот.
Хибридните раглан ракави обезбедуваат оптимална слобода на движење, додека памучните материјали обезбедуваат чувство на совршена удобност.
![]()
Освен што обезбедува удобност, спортската опрема Under Armour гарантира и дополнителна сигурност за време на тренинзите. Еластична е, не го попречува движењето и дава исклучителна поддршка на телото.
![]()
Посебно атрактивен сегмент на брендот Under Armour се обувките, изработени од материјали кои овозможуваат подобра флексибилност и обезбедуваат стабилност дури и при изведување вежби со различни реквизити и дополнителни оптоварувања.
Новата колекција на патики обезбедува дополнителна издржливост, стабилност и враќање на енергијата овозможувајќи подобра подвижност и дополнително прилепување на површината.
![]()
Under Armour е бренд кој постои речиси три децении и се смета за еден од најпопуларните и најуспешните брендови во светот. Денес, Under Armour е фокусиран на најсовременo производство и дизајн на спортска опрема, со цел на спортистите ширум светот и да им понуди врвен квалитет на сите ентузијасти за тренирање, да им помогне да бидат уште подобри, посилни и да ги постигнат нивните цели.